Заштеда за вработен

Информативна пресметка за поволностите кои ги нуди доброволното пензиско осигурување гледано од аспект на примањата на вработениот. Преку информативната пресметката може да се утврди какви ќе бидат ефектите врз примањата на вработениот, доколку вработениот даде согласност дел од неговата бруто-плата да се пренасочи во доброволен пензиски фонд, преку професионална пензиска шема организирана од неговиот работодавец.

“Жртвувањето на дел од мојата плата за Сава Пензија плус ги намалува трошоците што ги плаќам додека ги градам моите заштеди за пензија”.

Александар, Член на Сава Пензија плус

Потребно е корисникот да ги внесе следните податоци:

  • износот на нето-платата на лицето, односно вработениот
  • колкав износ од бруто-платата лицето сака да уплатува во доброволен пензиски фонд месечно

Исплатата на пензиски надоместок од доброволно пензиско осигурување се оданочува согласно одредбите од Законот за персонален данок на доход.

Заштеда за вработен

ден
ден
 

Како влезни параметри во пресметката се користени:

  • Месечниот износ на лично ослободување, кој важи за 2018
  • Највисоката основица за пресметка на придонеси од плата, која важи за 2018
  • Износот на ослободувањето од ПДД и данок на добивка, за уплатени придонеси во доброволен пензиски фонд, кој важи за 2018.