24.7.2024
Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје
Сава пензиско друштво а.д Скопје ја предаде втората донација во рамки на едукативната и општествено одговорна иницијатива „Вие ажурирате, Ние донираме “. Донацијата е доделена на ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје и се состои во опрема за одржување на тревната површина на клиниката.
Средства за донацијата се формирани со активирање на членовите на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус, при што за сите ажурирања на личните податоци во кое членот избрал годишните известувања да ги добива по електронски пат, Друштвото издвои средства како дел од донацијата.
“Радосна сум што денес ја посетивме ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје и ја доделуваме оваа донација. Клиниката се наоѓа на една од најубавите локации во Скопје и со олеснувањето на одржувањето на овој прекрасен простор верувам дека соодветно ќе придонесеме за полесен престој на болните дечиња и нивно побрзо оздравување со дишење на убав воздух и прошетки во чиста и уредена средина.
Се надевам дека нашата поддршка ќе покрене уште многу хумани граѓани и компании да дадат свој придонес кон обезбедувањето на поквалитетна грижа за сите на коишто им е потребна.“ – изјави во оваа прилика Снежана Станковиќ, Претседател на Управниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.
Сава пензиско друштво ја промовира општествената одговорност како дел од својот процес за одржлив развој со континуирано пронаоѓање начини да помогне на заедницата онаму каде што е потребно. Оваа стратегија се фокусира првенствено на унапредување на универзалното здравје и благосостојба, што претставува и централна, глобална цел за одржлив развој (ООН СДГ).
Иницијативата „Вие ажурирате, Ние донираме“ е само еден од начините преку кои ги потсетуваме и едуцираме нашите членови за важноста постојано да ги доставуваат своите најнови контакт податоци до сите институции каде што имаат свој интерес и членство, за навремено да бидат информирани, посебно таму каде што имаат свои финансиски вложувања на долг рок, како што се пензиските друштва.
Во оваа дигитално време кое незапирливо се развива, на своите членови им обезбедуваме напредни и едноставни дигиталните технологии целосно усогласени со регулативата, со кои истовремено помагаме во заштитата на природата, како што е мобилната апликација Сава пензиско план. Преку неа во секое време добиваат известувања за промените на нивните пензиски сметки, можат да ажурираат податоци, да променат начин на известување и да ја следат состојбата на пензиските сметки.
Сакам да пренесам голема благодарност до нашето членство кое во изминатиот период ја препозна важноста на оваа иницијатива, ги ажурираше своите податоци и одбра годишните известувања да ги добива на електронска адреса.“ – додаде Станковиќ.
Во оваа прилика до присутните се обрати и ВД Организацискиот Директот М-р Абдула Сејдини од ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје:
„Од името на нашата клиника сакам да се заблагодарам на Сава пензиско друштво а.д. Скопје, за реализацијата на оваа донација. Оваа опрема ќе овозможи многу побрзо и полесно одржување на дворната површина на Клиниката и ќе го намали вознемирувањето на децата. Верувам дека членовите на пензиските фондови со кои управувате ќе ги препознаат Вашите напори да ја унапредувате средината во која сите живееме и работиме“ – истакна во својата изјава ВД Организацискиот Директор М-р Абдула Сејдини .
Од Сава пензиско друштво додаваат дека и во иднина ќе продолжат со иновативни начини за активирање и едукација на своето членство, со цел навремена информираност и носење на правилни одлуки за својата иднина и мирна старост.