Задолжителен пензиски фонд - Сава пензиски фонд

 Дали може да преминам во друг пензиски фонд?

Доколку сте член на еден задолжителен пензиски фонд и сакате да преминете во друг задолжителен пензиски фонд, треба да потпишете договор за премин со друштвото кое управува со другиот задолжителен пензиски фонд и да потпишете изјава за согласност за премин. Доколку членството во постојниот фонд ви е пократко или еднакво на 720 дена, треба да платите надоместок за премин, а доколку периодот на членство е подолг од 720 дена преминот е бесплатен.

Како да изберам пензиски фонд?
Сè што треба да направите е да контактирате со пензиското друштво кое сте го одбрале ( или и со двете друштва ) и во контактот со лиценцираниот агент да ги дознаете сите потребни информации и да донесете одлука каде да се зачлените. Јавете се на телефонскиот број 02/15 500 или испратете ни e-mail нa kontakt@sava-penzisko.mk
 
Каде можам да се зачленам во задолжителен пензиски фонд?
Зачленувањето во Задолжителен пензиски фонд можете да го извршите во некое од нашите продажни места во експозитурите на Сава осигурување а.д. Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, во просториите на Друштвото на ул.„Мајка Тереза“ бр.1 во Скопје, или да побарате средба со агент на телефонскиот број 02 / 15 500.
 
Која е разликата помеѓу прв, втор и трет столб на пензиско осигурување?
За лицата кои се членови само на Државниот пензиски фонд (Прв столб), придонесот за пензиско и инвалидско осигурување во висина од 18,8% од бруто-платата во целост се уплатува во Фондот за ПИОСМ. Кај членовите на Задолжителниот пензиски фонд (Вториот столб) од 18,8% на придонес за пензиско осигурување од бруто-платата, 12,8% се уплатуваат во Фондот за ПИОСМ, а 6% се уплатуваат во Задолжителниот пензиски фонд на индивидуалната пензиска сметка на осигуреникот. Третиот столб е доброволно пензиско осигурување каде средствата се уплатуваат индивидуално, или пак од страна на работодавец на пензиската сметка на членот, а за истите не постои обврска за редовност во уплати или висина на уплати.

Кој може да биде член на Задолжителен пензиски фонд?
Задолжителни членови - Осигурениците кои прв пат пристапуваат во задолжително пензиско и инвалидско осигурување по 1 јануари 2019 година и на датумот на пристапувањето се помлади од 40 години, должни се да се зачленат и да плаќаат придонеси во задолжителен пензиски фонд (втор столб) по сопствен избор се додека имаат својство на осигуреник во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување. Од ова правило има исклучоци за кои повеќе информации имате во делот Кој може да биде член на Сава пензиски фонд.
 
Како се управуваат моите средства?
Мисијата на Друштвото во поглед на управувањето со фондот е остварување на оптимален принос на долг рок преку активно управување со средствата на задолжителниот пензиски фонд придржувајќи се кон толеранцијата за ризик, правилата и процедурите за мерење и управување со ризиците, законодавната рамка и внатрешно поставените лимити при инвестирањето. Така, средствата на пензиските фондови се инвестираат во државни и корпоративни обврзници, банкарски депозити, акции и удели во инвестициски фондови со цел остварување на соодветен принос во периодот на акумулација на средства односно пензиска заштеда на своите членови.
 
Кои компании се дел од портфолиото на пензискиот фонд?
На домашниот пазар на капитал, пензискиот фонд е еден од најголемите инвеститори, при што Фондот зазема значајно учество во сопственичката структура на најреномираните македонски компании кои котираат на Македонската берза. Изборот на компании кои се или ќе бидат дел од портфолиото на фондот го прави Секторот за инвестиции врз основа на редовни анализи кои ги оценуваат идните перспективи на овие компании а со тоа и очекуваниот принос од инвестирање во нивните акции.
На странските пазари, средствата на Пензискиот фонд делумно се инвестираат директно во акции на компании кои доаѓаат од земјите членки на Европската унија и ОЕЦД и кои од страна на Секторот за инвестиции се оценети како компании со релативно подобри долгорочни перспективи, а делумно се инвестираат во удели во инвестициски фондови преку кои се постигнува дисперзирана изложеност кон портфолио на акции и/или обврзници со одредени посакувани карактеристики. Дополнително, средствата на пензискиот фонд се инвестираат и во странски обврзници кои ги задоволуваат високите критериуми за квалитет и носат соодветен принос наспроти ризик.
 
Кога и како можам да ги користам моите средства?
Правото да може да се користат средствата од индивидуалната сметка се стекнува со остварување на право на пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Во општ случај тоа значи пензионирање на возраст од 62 години за жена, односно 64 години за маж, со остварен работен стаж од минимум 15 години. Членовите на Вториот столб ќе примаат пензија и од Фондот на ПИОСМ и од институцијата овластена за исплата на пензија од Вториот столб.
 
Дали средствата на пензиската сметка се наследни?
Средствата од индивидуалната сметка на починатиот член се наследни, со исклучок во случај кога починатиот член има членови на семејството кои имаат стекнато право на семејна пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Во таков случај институционално се врши проверка од кој пензиски столб семејната пензија би била повисока. Доколку пресметката на семејната пензија е повисока од Вториот столб, членовите на семејството кои остваруваат право на семејна пензија имаат право да се откажат од семејната пензија од Првиот столб и да користат, единствено, семејна пензија од Вториот столб.
 
Кога ќе дојде време за пензионирање на кој начин осигуреникот ќе ги оствари своите права од Вториот столб?
Кога член на задолжителниот пензиски фонд ќе стекне право на старосна пензија според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, ќе се искористи целиот износ на акумулираните средства на неговата сметка, со право на личен избор на членот, за избор на следниве пензиски модалитети: а) програмирани повлекувања обезбедени од пензиското друштво; б) привремени програмирани повлекувања во комбинација со доживотен одложен ануитет; в) доживотен непосреден ануитет кој ќе се исплатува од друштвата за животно осигурување (исплатата на ануитетите ќе се применува откако ќе биде издадена првата дозвола за вршење на работа на осигурување во класата на ануитети и исплата на ануитети за корисници на пензија).
 
Дали ми е гарантирана висината на пензијата?
Вашата идна пензија ќе зависи од повеќе фактори, но, пред сè, од висината на акумулираните средства на вашата сметка, како и од видот на избраниот пензиски модалитет.
 
Што ако го променам презимето или адресата на живеење?
Ви стојат на располагање повеќе начини за ажурирање на личните податоци:
1. Електронско ажурирање преку нашата интернет страна со пристап до Вашата лична сметка. Најавете се во Вашата лична сметка со Вашето корисничко име и лозинка кои Ви ги доставуваме во рамките на Годишниот извештај за пензиска заштеда, кликнете на Лични податоци, променете ги податоците кои се неажурни и изберете каде да го добиете кодот за конфирмација на ажурирањето. Оваа опција е овозможена за членови или пензионирани членови кои веќе претходно ни имаат доставено податок за важечки мобилен телефонски број или е-маил.
2. Ажурирање по писмен пат, при што треба да посетите некое од нашите продажни места во експозитурите на Сава осигурување а.д. Скопје, НЛБ Банка АД Скопје или дојдете во седиштето на Сава Пензиско Друштво а.д. Скопје и да пополнете Барање за ажурирање/корекција на личните податоци во присуство на овластено лице/агент на Друштвото кое ќе изврши увид во Ваш валиден документ за лична идентификација.
3. Достава на Пополнето Барање за ажурирање на податоци по пошта. При вакво ажурирање на податоци ќе бидете контактирани од Друштвото со цел утврдување на идентитетот на испраќачот на Барањето, при што телефонскиот разговор ќе се снима.
4. Ажурирање со телефонски повик на 02/15-500. Во согласност со регулативата со телефонски повик е дозволено ажурирање единствено на адреса на живеење и/или адреса за коресподенција. При вакво ажурирање ќе се изврши идентификација на членот при што телефонскиот разговор ќе се снима.
 
Зошто не ми се сменети податоците, а веќе бев во банката и пополнив Формулар за ажурирање на личните податоци за банката?
НЛБ Банка АД Скопје и Сава Пензиско Друштво  а.д. Скопје се посебни правни лица, кои управуваат со посебни евиденции на лични податоци за своите клиенти/членови. Од таа причина потребно е да пополните посебен образец за ажурирање на личните податоци за двете институции.
 
Што ако се случи да пропадне пензиското друштво?
Средствата акумулирани на сметките на членовите во пензиските фондови со кои управува Друштвото, се чуваат одделно од имотот и средствата на Друштвото кај Банка чувар на имот. Доколку пензиското друштво пропадне, надлежната агенција МАПАС ќе спроведе постапка за избор на друго друштво, кое го презема управувањето со средствата на пензиските фондови.
 
Доброволен пензиски фонд - Сава пензија плус

Кој може да биде член на доброволен пензиски фонд?
Член на доброволен пензиски фонд може да стане секое лице кое ги исполнува условите за зачленување пропишани со      Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, доколку има најмалку 15 и најмногу 70 години возраст.

Дали невработено лице може да биде член на доброволен пензиски фонд?
Невработено лице може да биде член на доброволен пензиски фонд, доколку има најмалку 15 и најмногу 70 години возраст.

Каде може да се зачленам во доброволен пензиски фонд?
Зачленувањето во Доброволниот пензиски фонд можете да го извршите во некое од нашите продажни места во експозитурите на Сава осигурување а.д. Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, во просториите на Сава Пензиско друштво а.д. Скопје или преку лиценцираните агенти во продажба. Јавете се на телефонскиот број 02/15 500 или испратете ни e-mail на kontakt@sava-penzisko.mk

Како се врши уплата?
Уплатата на индивидуална сметка се врши исклучително од трансакциска сметка на членот и/или уплатувачот (кога постои друго физичко лице уплатувач). Уплата на професионална сметка се врши од трансакциска сметка на осигурителот/фирмата.

Како се управуваат, односно инвестираат средствата?
Мисијата на Друштвото во поглед на управувањето со фондот е остварување на оптимален принос на долг рок преку активно управување со средствата на пензискиот фонд придржувајќи се кон толеранцијата за ризик, правилата и процедурите за мерење и управување со ризиците, законодавната рамка и внатрешно поставените лимити при инвестирањето. Така, средствата на пензиските фондови се инвестираат во државни и корпоративни обврзници, банкарски депозити, акции и удели во инвестициски фондови со цел остварување на соодветен принос во периодот на акумулација на средства односно пензиска заштеда на своите членови.

Кои компании се дел од портфолиото на Пензискиот фонд?
На домашниот пазар на капитал, пензискиот фонд е еден од најголемите инвеститори, при што Фондот зазема значајно учество во сопственичката структура на најреномираните македонски компании кои котираат на Македонската берза. Изборот на компании кои се или ќе бидат дел од портфолиото на фондот го прави Секторот за инвестиции врз основа на редовни анализи кои ги оценуваат идните перспективи на овие компании а со тоа и очекуваниот принос од инвестирање во нивните акции.
На странските пазари, средствата на Пензискиот фонд делумно се инвестираат директно во акции на компании кои доаѓаат од земјите членки на Европската унија и ОЕЦД и кои од страна на Секторот за инвестиции се оценети како компании со релативно подобри долгорочни перспективи, а делумно се инвестираат во удели во инвестициски фондови преку кои се постигнува дисперзирана изложеност кон портфолио на акции и/или обврзници со одредени посакувани карактеристики. Дополнително, средствата на пензискиот фонд се инвестираат и во странски обврзници кои ги задоволуваат високите критериуми за квалитет и носат соодветен принос наспроти ризик.

Како и кога можат да се користат уплатените средства во Третиот столб?
Право на исплата на пензиски надоместок од Трет столб се овозможува најрано десет години пред возраста за стекнување на право на старосна пензија, што во општ случај значи на возраст од 52 години за жена, односно 54 години за маж. Средствата на индивидуална/професионална сметка по индивидуален избор, можат да бидат исплатени во вид на:
∙ програмирани повлекувања,
∙ ануитети,
∙ еднократни исплати,
∙ повеќекратни исплати или
∙ комбинација од претходно наведените видови на исплати.
Пензиските надоместоци подлежат на оданочување со персонален данок на доход во согласност со Законот за данок на личен доход.

Дали средствата се наследни во случај на смрт на осигуреникот?
Во случај на смрт на член на Сава Пензија плус, средствата на сметката се наследуваат, односно стануваат дел од оставинската маса на лицето кое починало, додека во случај на членот да му биде утврдена општа неспособност за работа, Законот дава можност за повлекување на средствата без оглед на возраста.

Што ако го променам презимето или адресата на живеење?
Ви стојат на располагање повеќе начини за ажурирање на личните податоци:
1. Електронско ажурирање преку нашата интернет страна со пристап до Вашата лична сметка. Најавете се во Вашата лична сметка со Вашето корисничко име и лозинка кои Ви ги доставуваме во рамките на Годишниот извештај за пензиска заштеда, кликнете на Лични податоци, променете ги податоците кои се неажурни и изберете каде да го добиете кодот за конфирмација на ажурирањето. Оваа опција е овозможена за членови или пензионирани членови кои веќе претходно ни имаат доставено податок за важечки мобилен телефонски број или е-маил.
2. Ажурирање по писмен пат, при што треба да посетите некое од нашите продажни места во експозитурите на Сава осигурување а.д. Скопје, НЛБ Банка АД Скопје или дојдете во седиштето на Сава Пензиско друштво  а.д. Скопје и да пополнете Барање за ажурирање/корекција на личните податоци во присуство на овластено лице/агент на Друштвото кое ќе изврши увид во Ваш валиден документ за лична идентификација.