Општествена одговорност
Корпоративната општествена одговорност за Друштвото претставува интегрален дел од начинот на кој работи и клучот за успех.
Веруваме дека таквата наша определба го претставува вистинскиот избор, и е основа за да го одржиме нашиот бизнис, развој и раст.
Преку одговорно работење ние настојуваме да креираме вредност за општеството. Нашата корпоративна општествена одговорност се темели на: кодексот, вработените, членовите, пошироката заедница и грижата за животната средина. Покрај тоа што основна цел на секое друштво е да оствари профит, сметаме дека значаен е и патот и начинот до остварување на истиот. Активностите и работењето на Друштвото треба да имаат позитивно влијание на членовите, соработниците, вработените и нивните семејства, па и на целото општество Друштвото тежнее кон економски резултати, и го прави тоа на начин кој е фер за општеството, одржлив за околината, и ги почитува и поддржува човековите права во рамките на нашата сфера на влијание.
Со почитување на законите, со обезбедување на еднаквост при вработувањето на кадри, со грижата за нашите членови и деловните партнери, како и со високата социјална одговорност, Друштвото обезбедува развој на економската и воедно на пошироката општествена околина во којашто работи.
Анализа на пензискиот систем во Република Северна Македонија 2024