Упатство за инсталација на мобилната апликација Сава пензиско план
Апликацијата Сава пензиско план е достапна за сите корисници на Андроид уреди со верзија на андроид над 8.0 и корисници на ИОС уреди со верзија на ИОС над 9.0. Деталното упатство за најава на мобилната апликација можете да го најдете на следниот линк.
Линк до Андроид верзија
Линк до ИОС верзија
Прва најава
На мобилната апликација се најавувате со употреба на корисничкото име и лозинка кои ви се доставени во рамки на годишниот извештај за пензиска заштеда. Линк
Видео упатство за најава на мобилната апликација Сава пензиско план.
Политика за приватност и општи правила на програма сава пензиско план
Прочитајте ги внимателно Политиката за приватност и Општите правила на Програмата Сава пензиско план.
Доколку се согласувате со истите кликнете на Продолжи и ќе започнете да ја користите Апликацијата Сава Пензиско план.
Основно мени на апликацијата и можности кои ги нуди
- Пристап до пензиски сметки во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус
- Вредност на сметководствена единица
- Преглед на трансакции на сметките
- Редовни нотификации за уплатени придонеси
- Повремени известувања
- Ажурирање на Лични податоци
- Избор за достава на извештаи на е-маил
- Дигитална Сава план картичка
- Линкови до калкулатори, деловни соработници и често поставувани прашања и контакт форма
Ажурирање на лични податоци
Со Опцијата Ажурирање на лични податоци:
Внесете ги Вашите нови податоци таму каде што имате промена.
Под податоците треба да изберете на кој начин ќе ја потврдите промената (СМС, електронска адреса или внес на бројот од бар кодот на Вашата Сава пензиско план картичка (ја имате во прилог на апликацијата) или бар код од Извештај за пензиска заштеда.
Внесете го кодот за конфирмација и Вашите податоците ќе бидат ажурирани.
Промена на начин на достава на годишни извештаи
По избор на опцијата Годишен извештај на електронска адреса.
Имате информација на која адреса во моментот Ви се доставуваат извештаите.
Кликнете за согласност каде сакате да ги добивате извештаите (на внесен е-маил или адреса за коресподенција по пошта).
Кликнете на Сочувај за потврда.
Редовни нотификации за пристигнат придонес
Опцијата за редовни нотификации за пристигнат придонес е активна за сите корисници на апликацијата.
Ви се прикажува известување за пристигнат/и придонес/и на даден датум
Нотификацијата за пристигнати придонеси пристига по потврдена и објавена вредност на сметководствена единица за пензискиот фонд од страна на МАПАС.
Линкови
Апликацијата има вградени линкови до:
- Информативна пресметка(калкулатор) за пресметка на акумулирана сума кај доброволен пензиски фонд за физички лица и членови преку пензиски шеми
- Линк до Најчесто поставуваните прашања
- Линк до Деловниот соработник НЛБ Банка
- Линк до Деловниот соработник Сава осигурување
- Линк до листата на продажни места на друштвото
- Линк до Контакт форма
- Линк за детално упатство за најава и користење на мобилната апликацијата Сава пензиско план.