Појаснување на детален извештај за пензиска заштеда

 

Друштвото согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување има обврска еднаш годишно (најдоцна до 31 март) да Ви достави извештај за Вашата пензиска заштеда на адресата за коресподенција или на Вашата електронска адреса. Во извештајот за пензиска заштеда Ви доставуваме и корисничко име за најава во делот за Лична сметка. Со најава во делот за Лична сметка имате можност за пристап до: детален извештај за пензиска заштеда, преглед на Вашите податоци и нивно ажурирање и движење на вредноста на сметководствената единица.

Како да се прочита извештајот за пензиска заштеда?

Доколку имате уплата од 1.000 денари како придонес, по пресметка на влезна провизија од Вашето пензиско друштво (на пример доколку влезна провизија е 2,9%) ќе се добие нето уплата од 971 МКД.

Нето уплатата се конвертира на датумот на уплата во сметководствени единици. Доколку вредноста на сметководствената единица на датумот на уплата е 100 МКД, тоа значи дека имате 9,71 сметководствени единици.

Секој осигуреник за време на својот работен век собира сметководствени единици кои служат за пресметка на состојбата на неговата пензиска сметка и од чија вредност ќе зависи висината на пензијата.

По извесно време, доколку сметководствената единица се зголеми на 110 МКД, состојбата на Вашата пензиска сметка ќе изнесува 1068,1 МКД (9,71*110=1068,1 МКД)

Појаснување