Инвестициско портфолио

 Инвестициите на пензиските фондови во акции, обврзници, депозити и останати хартии од вредност се дефинирани во законската и подзаконската регулатива поврзана со капитално финансирано пензиско осигурување. Компаниите издавачи на акции и обврзници треба да задоволат низа критериуми за да можат да бидат вклучени во портфолијата на пензиските фондови.

На домашниот пазар на капитал, Пензискиот фонд е еден од најголемите инвеститори при што Фондот се стекнува со значајно учество во сопственичката структура на македонските блу-чип компании кои остваруваат добивка, инвестираат во своите средства со цел раст на продажбите во иднина и дистрибуираат дел од својата добивка во форма на дивиденда. На странските пазари, средствата на Пензискиот фонд се инвестираат во акции и обврзници на компании кои доаѓаат од земјите на Европската унија и ОЕЦД, со висок кредитен рејтинг и пазарна капитализација.

Друштвото при избор на компании кои ќе ги вклучи во портфолиото на пензиските фондови, првенствено, ги детектира долгорочните перспективи на овие компании во согласност со долгорочноста на обврските по основа на пензии на Фондот.

На странските пазари средствата на Пензискиот фонд покрај во акции и обврзници на компании се инвестираат и во обврзници издадени од Влади и Централни Банки на земјите членки на ЕУ и ОЕЦД кои ги задоволуваат критериумите за висок кредитен рејтинг и нудат соодветен принос наспроти ризик. 

Инвестициско портфолио за Сава пензија плус