Ризици
Не постои принос без преземен ризик. Инвестициските ризици се неизоставен дел од инвестирањето и за најголемиот дел од нив целосното елиминирање не само што не е возможно, туку и не би било во интерес на членството. Напротив, остварувањето на долгорочните цели условува управување со ризиците на начин кој ќе обезбеди соодветен принос приспособен за степенот на преземен ризик.
Сава пензиско друштво а.д. Скопје, во согласност со законските одредби и целите да постигне безбедно, ефикасно и успешно работење и да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови има воспоставено систем за управување со ризиците на кои се изложени средствата на пензиските фондови, кој вклучува механизми за мерење, контрола и управување со ризиците.
Ризиците за пензиските фондови претставуваат веројатност одредена промена, активност или настан да имаат негативно влијание врз средствата на пензиските фондови, или да предизвикаат тешкотии во остварувањето на стратегиите за управување со средствата на пензиските фондови.
Управувањето со фондовите опфаќа управување со следниве ризици:
- Ризик на земја;
- Пазарен ризик;
- Ризик од промена на пазарните цени на хартиите од вредност;
- Ризик од промена на каматните стапки;
- Ризик од промена на девизните курсеви и
- Ризик од промена на ликвидноста на пазарот и хартијата од вредност;
- Ликвидносен ризик;
- Оперативен ризик;
- Ризик од промена на законската регулатива;
- Ризик од неисполнување на спротивната страна и
- Ризик од порамнување и ризик кај банка – чувар на имот.