Корисничко име и лозинка

Сава пензиско друштво а.д. Скопје во годишниот извештај за пензиска заштеда доставува податоци за најава во:

 Годишниот извештај Ви се доставува во Зелен плик или на Ваша електронска адреса. Податоците за најава се состојат од корисничко име и информација за лозинка.

 

Лозинката која е наведена во Вашиот годишен извештај е еднократна и при првата најава во Вашата Лична сметка, ќе Ви биде побарано да ја промените.

По извршената промена, новата лозинка ќе Ви биде позната само Вам и истата потребно е соодветно да ја сочувате и заштитите. Корисниците кои веќе ја промениле лозинката, се најавуваат со својата лозинка.

Новата лозинка мора да содржи најмалку 8 карактери, од кои минимум еден карактер со голема буква, еден карактер со мала буква, број и специјален знак, а за Ваша сигурност препорачуваме истата да ја менувате на период не подолг од 90 дена.

По успешната промена на еднократната лозинка, ќе добиете пристап до податоците за Вашата пензиска заштеда, податоци за пензискиот фонд/фондови во кој сте член и до Вашите лични податоци.

Повеќе информации за начинот на користење на апликацијата Сава пензиско план имате на следниот Линк, додека повеќе информации за пристап во Лична сметка имате на следниот Линк.

Доколку ја заборавите лозинката, кликнете на линкот Заборавена лозинка или контактирајте нè на 02/15-500 или на Kontakt@sava-penzisko.mk