Даночни ослободувања

 

Согласно член 12, точка 36, од Законот за данок на личен доход, данок на доход не се плаќа на уплатен придонес во доброволен пензиски фонд за една календарска година, за вработени лица и за обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, во висина од две просечни месечни бруто плати во Република Северна Македонија, објавени во јануари во тековната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Согласно член 9, точка 5 од Законот за данок на добивка, како непризнаени расходи за даночни цели се сметаат трошоците по основ на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд над
износот од две просечни месечни бруто плати, исплатени во претходната година во Република Северна Македонија, на годишно ниво по вработен.