Податоци за распределени лица

 

Осигуреници кои за првпат се вработиле по 1.1.2003 година, во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување задолжително членуваат во Вториот пензиски столб. Нововработените лица, веднаш по првото вработување привремено се распределуваат во еден од постојните задолжителни пензиски фондови од Вториот столб, по пат на случаен избор. Овие нововработени лица имаат законско право, во рок од 3 (три) месеци по првото вработување, да одберат во кој задолжителен пензиски фонд сакаат да членуваат.

Доколку сами не изберат задолжителен пензиски фонд, овие лица ќе станат членови на задолжителниот пензиски фонд во кој претходно биле времено распределени. До овие трајно распределени членови Сава пензиско друштво а.д. Скопје ќе достави писмено известување.

Сава пензиско друштво а.д. Скопје за овие осигуренци има единствено податок за име и презиме и адреса добиена од надлежен државен орган. Препорачливо е овие осигуреници да ги ажурираат своите лични податоци и да ни достават и дополнителни податоци за телефон, е-маил, адреса за коресподенција, со цел навремена комуникација и користење на сите можности за пристап до Лична сметка преку оваа наша веб страна.

Важно!!! При пополнување на Барањето за промена на податоци имате можност да изберете начин на достава на годишните извештаи за пензиска заштеда. Изборот го вршите со пополнување на формуларот за избор на начин на известување.

За повеќе информации или за проверка дали сте наш член, контактирајте со Сава пензиско друштво а.д. Скопје на 02/15500 секој работен ден од 08 – 16 часот.