Промена на статус на осигурување во тек на членување во Сава пензиски фонд
Осигурениците на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење и осигурениците кои остваруваат права под посебни услови од Глава VII од Закон за пензиско и инвалидско осигурување, не се опфаќаат во вториот пензиски столб.
Осигурениците кои во текот на осигурувањето ќе добијат својство на осигуреник како индивидуален земјоделец, физички лица кои се регистрирани како вршители на самостојна дејност за трговија на мало на тезги и пазари или во текот на осигурувањето им се утврди стаж на осигурување со зголемено траење престануваат да бидат членови во вториот пензиски столб.
Осигурениците кои се во работен однос или самовработени лица со полно работно време и за кои е утврдено ослободување од плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување согласно со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, не се задолжителни членови во вториот пензиски столб за период за којшто е утврдено ослободувањето од плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување