Како да станам член на пензиска шема
Како да станам член?
Член со професионална сметка во Сава пензија плус можеш да станеш доколку компанијата/здружението во кое си вработен/член организира и финансира професионална пензиска шема. Осигурувачот/управителот определува кој вработен или член на здружението на граѓани може да биде член на пензиската шема. Член на пензиска шема може да биде, единствено, лице кое е вработено кај трговско друштво или е член на здружението на граѓани кое формира професионална пензиска шема.
Професионалната сметка ќе ви биде отворена по извршената прва уплата на придонес, а на Ваша адреса за коресподенција ќе Ви испратиме потврда членство во рок од 30 дена од првата уплата.
Каде да склучам договор?
Зачленувањето во доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус можете да го извршите во некое од нашите продажни места во експозитурите на Сава осигурување а.д. Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, просториите на Друштвото на ул.„Мајка Тереза“ бр.1 во Скопје или да побарате средба со агент на телефонскиот број 02/ 15 500.
При склучување на договор за членство задолжително со Вас мора да имате документ за идентификација.
Доколку сте Осигурител кој сака да формира и оргнизиран професионална пензиска шема, потребно е да ни доставите податоци за Вашето трговско друштво/здружение на граѓани и за членовите на пензиската шема, заедно со тековна состојба од трговското друштво/здружението на граѓани не постара од 6 месеци. За сите други детали и законски постапувања ќе Ве информираме во текот на процесот на формирање на пензиската шема.