Како да станам член?

 Индивидуален член на Сава пензија плус можеш да станеш на два начина:

  • Со потпишување на договор за членство во Сава пензија плус и со отворање на доброволна индивидуална сметка;
  • Со потпишување на договор за членство во Сава пензија плус помеѓу тебе, уплатувачот и Друштвото и со отворање на доброволна индивидуална сметка

Зачленувањето во Сава пензија плус можете да го извршите во некое од нашите продажни места во експозитурите на Сава осигурување а.д. Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, во просториите на Сава пензиско друштво а.д. Скопје или преку лиценцираните агенти во продажба. Со потпишување на договор и прва уплата станувате член на Сава пензија плус.