Поврат на персонален данок

 
Членот на доброволниот пензиски фонд кој уплатува сопствени средства во пензискиот фонд кои се претходно оданочени, има право на поврат на персоналниот данок на доход пресметан на износот на уплатениот придонес во доброволниот пензиски фонд, согласно Член 158 од Закон за доброволно капитално финансирано осигурување, на начин дефиниран во Правилник за начинот на вршење на поврат на персонален данок на доход на индивидуална сметка на член на доброволен пензиски фонд и формата и содржината на барањето за поврат на данок
Оваа одредба важи за уплати на придонес до 31.12.2018 година.

За да се изврши поврат на персонален данок до Управата за јавни приходи треба да се поднесат следните документи:

1. Барање за поврат на персонален данок - Сава пензиско друштво а.д. Скопје ќе го достави овој документ до сите индивидуални членови, заклучно за уплати до 31.12.2018 година.
2. Доказ за платена административна такса за обработка на барањето - При поднесување на Барање за поврат на персонален данок до Управата за јавни приходи ( подрачна единица ), потребно е членот да приложи доказ за платена административна такса за обработка на барањето во висина од 300 денари. Уплатница - ПП50
3. Доказ за платен персонален данок за тековната година - пресметка од плата, исплатена дивиденда и слично го доставува членот во прилог на Барањето.