Корпоративно управување
Сава пензиско друштво а.д. Скопје има единствена дејност на управување со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус и нивно претставување пред трети лица како и други дејности поврзани со управувањето со фондовите.
Визија
Посветено работиме и градиме Друштво кое е препознаено по грижата за своите членови, транспарентноста и високите морални вредности, како и по својата активна улога во одржливоста на пензискиот систем, човечката околина и општеството во целина.
Мисија
Обезбедување на финансиска сигурност и одржлива иднина за нашите членови, нашите вработени, нашите партнери и нашите сопственици. Преку раст на вредноста на пензиските заштеди се стремиме да обезбедиме соодветна пензија за нашите членови. На вработените им овозможуваме професионален и личен развој, а на сопствениците соодветен поврат на капиталот. Преку одговорно работење ние креираме вредност за општеството.
Вредности
- Високи стандарди за корпоративно управување базирано на принципите на посветеност, одговорност, транспарентност и етика.
- Трајно партнерство со членовите базирано на едукација, етичко работење и доверба.
- Високи професионални стандарди, корпоративни вредности, компетенции во управувањето со инвестициите и ризиците, обезбедување на фидуцијарна одговорност на сите нивоа, силни внатрешни контроли и ревизија.
- Добрата работна средина, културата на нашите вработени и нивниот континуиран професионален и личен развој се предуслов за градење на нашиот тим.