За акционерите

Сава пензиско друштво а.д. Скопје има единствена дејност на управување со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус и нивно претставување пред трети лица како и други дејности поврзани со управувањето со фондовите.

Корпоративното управување на Сава пензиско друштво а.д. Скопје, претставува збир од заемни односи меѓу Управниот одбор, Надзорниот одбор, акционерите и останатите заинтересирани субјекти.
Корпоративното управување се заснова врз принципите на одговорност, транспарентност и контрола во одлучувањето и во секојдневното работење и известувањето за состојбите во Друштвото.

Акционер: Позаваровалница Сава д.д Љубљана (100%)

Свикано е Годишно собрание на акционери на Сава пензиско друштво а.д. Скопје, кое ќе одржи на 28.03.2025 година со почеток во 11:00 часот во деловните простории на Друштвото.

Сава пензиско друштво а.д. Скопје