Со Личен пензиски советник носиме човечки пристап во светот на пензиското осигурување и овозможуваме секој член да има директна, лична и стручна поддршка за својата пензиска иднина.
Твојот личен пензиски советник, со твоја претходна согласност:
- ќе ти појасни како функционира македонскиот пензиски систем,
- ќе изврши увид во редовноста на твоите уплати,
- ќе те информира за најновите приноси и надоместоци,
- ќе ги провери и ќе те посоветува како да ги ажурираш твоите податоци,
- ќе ти помогне да започнеш електронски да ја следиш твојата пензиска заштеда,
Иднината заслужува лична грижа!
Проверете кој е вашиот личен советник преку веб-страницата и направете чекор кон посигурна и појасна финансиска иднина.