19.06.2018

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување даде одобренија за промена на називот на Друштвото и пензиските фондови

Почитувани,

Ве известуваме дека НЛБ Нов пензиски фонд АД  Скопје на ден 18.06.2018 година од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, доби Решенија со кои се одобрува промена на називот на Друштвото, како и промена на називите на пензиските фондови. Агенцијата, исто така даде одобренија за измената и дополнувањето на Статутот на Друштвото и Статутите на пензиските фондови.

Променетиот целосен назив на Друштвото ќе гласи:

Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Скратениот назив ќе гласи: Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Променетиот назив на Отворениот задолжителен пензиски фонд ќе гласи:

Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд

Скратениот назив ќе гласи: Сава пензиски фонд

Променетиот назив на Отворениот доброволен пензиски фонд ќе гласи:

Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус

Скратениот назив ќе гласи: Сава пензија плус

Друштвото  ја започнува постапката за впишување на промените во Централниот регистар на Република Македонија. По извршениот упис ќе започне користењето на одобрените називи на Друштвото и пензиските фондови.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), www.mapas.mk, (02) 3224 229