20.02.2018

НЛБ Нов пензиски фонд започна со достава на годишни извештаи до членовите на задолжителниот пензиски фонд

Почитувани членови,
Ве известуваме дека започнавме со достава на годишните извештаи за пензиска заштеда во Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд со состојба на 31.12.2017 година.
Согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, соодветните подзаконски акти и интерните политики на Друштвото, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје до членовите ќе достави:
• Извештај за пензиска заштеда во НЛБ Пензиски фонд;
• Информација за остварен принос, инвестициско портфолио, наплатени надоместоци и други информации за НЛБ Пензиски фонд;
• Информација за пренос на сопственоста на 100% од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, информација за распределени членови во НЛБ Пензиски фонд или информација за избор од страна на „IPE“ и информација и барање за ажурирање на лични податоци
Доколку имате промена на Вашите лични податоци пополнете го Барањето за ажурирање на податоци кое Ви го испраќаме во зелениот плик и испратете го на адреса НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, Ул.Мајка Тереза бр.1, Скопје. По прием на Барањето, ќе Ве контактираме телефонски за потврда на идентитетот на испраќачот на Барањето.
Вашиот Извештај за пензиска заштеда, на првата страна содржи корисничко име и лозинка за пристап до Вашата лична сметка преку интернет страната на Друштвото, www.nlbnpf.mk
Со почит,
НЛБ Нов Пензиски Фонд АД Скопје

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229