26.1.2018
НЛБ Нов Пензиски Фонд АД Скопје е оценет како едно од подобрите пензиски друштва во Европа, “IPE AWARDS“ го избраа во потесен круг во две категории
Категорија на награди “Централна и Источна Европа“
Комисијата на Investment & Pensions Europe AWARDS во категоријата “Централна и Источна Европа” донесе одлука со која НЛБ Нов Пензиски Фонд АД Скопје го избра во потесниот круг на кандидати за награди. Членовите на комисијата за нашето Друштво изјавија:
„Ова е пензиско Друштво кое има многу силен фокус кон клиентите, отвореност во однос на инвестициите, подготвеност да го развива финансиското знаење и да го едуцира населението во земјата за значењето на пензискиот систем”.
„НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје е компанија која има добро обучен кадар и високо интегрирана политика за Екологија, социјална одговорност и одговорно корпоративно управување (ESG) која ја применува при избор на компании во кои ги инвестира средствата на пензиските фондови”.
„Тие се Друштво со добро дефинирани процеси за управување со инвестициите и иницијативите за подигнување на јавната свест за пензискиот систем и финансиското работење”.
„Оваа година влегоа во најтесниот избор и веруваме дека можеби следната година повторно ќе бидат на врвот“.
Категорија на награди “Систем на дефинирани придонеси и хибридни стратегии“ (DC & Hibrid Strategies)
И во категоријата “Систем на дефинирани придонеси и хибридни стратегии“, НЛБ Нов Пензиски Фонд АД Скопје влезе во најтесниот круг на кандидати за оваа награда која ја доделува “IPE AWARDS“ за 2017. Членовите на комисијата за нашето Друштво изјавија:
„Друштвото има изградено модерен и структуиран процес за донесување одлуки кои се однесуваат на членовите. Тие пронајдоа начин како да стигнат до населението, а резултат на тоа е што 15% од работното население во нивната земја ја има посетено едукативната веб страна со цел да дојдат до повеќе информации за пензискиот систем”.
“Иако законодавството им дефинира ограничувања во инвестирањето, тие успешно ги проценуваат претпоставките за добра распределба на средствата”.
„Бидејќи јавноста има низок интерес за пензискиот систем, тие се ученици во голема маркетинг кампања која има единствена цел, едукација на пошироката јавност и посебно членовите на пензиските фондови. Добро проектираните активности на долг рок ќе бидат во корист на членовите”.
„И покрај сите ограничувања во процесот на инвестирање, тие имаат одлични резултати. Тие се насочени кон транспарентно работење и едукација на членовите и пошироката јавност за придобивките од пензискиот систем во нивната земја. Нивната стратегија вели дека преку 30% од годишниот буџет за маркетинг се спремни да го наменат за едукација на населението во Македонија, а со тоа очекуваат да ја подигнат свеста на населението за реформираниот пензиски систем. Голем дел од нивните активности се насочени кон образовниот процес на населението за пензиското осигурување бидејќи тоа е земја која нема долгогодишна традиција во овој сегмент.“
Со почит,
НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk