27.02.2019

Соопштение до членови на Сава пензиски фонд родени пред 01.01.1967 за измени на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување

Сава пензиско друштво а.д. Скопје ги известува своите членови за правата на доброволните членови во Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд со склучен договор за членство и прво вработување пред 01.01.2003 година.

Согласно измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување доброволните членови родени пред 01.01.1967 година ИМААТ ПРАВО ДА ИЗБЕРАТ дали:

1. ќе го продолжат членството во вториот пензиски столб со давање на писмена Изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд или

2. ќе го прекинат членството во вториот пензиски столб со давање на писмена Изјава за престанување на членството во задолжителен пензиски фонд.

Доброволни членови на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд се сите членови кои имаат прво вработување пред 1.01.2003 година и доброволно избрале да станат членови во задолжителен пензиски фонд со склучување на Договор за членство.  

Доколку доброволниот член, до 30.09.2019 година, не даде Изјава, на 01.10.2019 година неговото членството во Сава пензиски фонд ќе престане. Друштвото ќе ја затвори неговата индивидуална сметка и ќе го пренесе вкупниот износ на средствата во Фондот на ПИОСМ, односно членот ќе остане осигуреник во Фондот на ПИОСМ.

Изборот за продолжување  или прекинување на членството во Сава пензиски фонд е личен.

При изборот помеѓу продолжување или престанок на  членство во задолжителен пензиски фонд, членовите треба да ги имаат предвид нивната возраст, годините на работен стаж при зачленување во втор пензиски столб, очекуваните години на вкупен работен стаж, висината на пензиските придонеси кои им се уплатувани досега, висината на идните очекувани придонеси кои ќе им се уплатуваат и други фактори.

Нашиот стручен тим, во соработка со државните институции, Ви стојат на располагање за сите информации кои ќе Ви овозможат самостојно да ја донесете одлуката околу Вашето понатамошно членување во задолжителен пензиски фонд.

Со цел да го направите изборот кој е во Ваш најдобар интерес, Ви препорачуваме да не контактирате на телефонскиот број на Друштвото 02/15-500, на електронска адреса kontakt@sava-penzisko.mk или да не посетите во нашето седиште на ул. Мајка Тереза бр.1, Скопје.


Ве уверуваме дека целосно ги вложуваме нашите стручни капацитети во управувањето со пензиските фондови и советувањето на нашите членови за носење на одлуки за нивната иднина засновани на информации и факти и најдобра можна проценка на очекувањата и ризиците.

Со почит,
Сава пензиско друштво а.д. Скопје



Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229.