14.03.2019

Општи информации за Програмата САВА ПЛАН

Со цел сите членови и пензионирани членови на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и/или Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус да бидат чекор поблиску до информациите поврзани со својата пензиската заштеда, Сава пензиско друштво а.д. Скопје ја воведе Програмата САВА ПЛАН.

Програмата САВА ПЛАН им овозможува на сите членови и пензионирани членови на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и/или Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје:

 

  • да бидат лесно препознатливи за вработените во продажното место - експозитурите на Деловните соработници на Друштвото и директно да бидат упатени кон лиценциран агент;
  • да им биде достапно, во секој момент, корисничкото име за пристап до информациите кои ги обезбедува интернет страната во делот Лична сметка;
  • да добијат финансиско советување во однос на пензиската заштеда од лиценцирани агенти;
  • активно да ги следат сите важни информации во врска со правата кои ги остваруваат со членување во задолжителен или    доброволен пензиски фонд;
  • да бидат во чекор со сите важни информации во врска со регулативата од капитално финансирано пензиско осигурување и даночниот третман;
  • да добијат помош и советување како да го направат својот план за пензионирање и други информации поврзани со пензиската заштеда и пензискиот систем.


Сите постоечки  членови на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус ќе добијат Привремена САВА ПЛАН картичка во хартиена форма заедно со годишниот Извештај за пензиска заштеда, за 2018 година. Членовите кои добиваат Годишни извештаи на електронска адреса, истата ќе ја добијат како прилог на електронскиот извештај.

hartiena kartica

 

Членовите и пензионираните членови кои сакаат да пристапат кон Програмата САВА ПЛАН и да добијат трајна пластична персонализирана САВА ПЛАН картичка треба да постапат на следниот начин:

  • да дојдат во седиштето на Сава пензиско друштво а.д. Скопје, на ул. Мајка Тереза бр.1 во Скопје или да дојдат во експозитурите на деловните соработници, НЛБ Банка АД Скопје или Сава Осигурување АД Скопје кои се пријавени како продажните места на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Листата на експозитури на Деловните соработници е објавена на веб страната на Друштвото: www.sava-penzisko.mk
  • да ја презентираат хартиената картичка,
  • да ги ажурираат своите лични податоци доколку е потребно,
  • да достават писмено Барање за персонализирана САВА ПЛАН картичка (формулар), во седиштето на Сава пензиско друштво а.д. Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1, Скопје и во експозитурите на деловните соработници, НЛБ Банка АД Скопје и Сава Осигурување АД Скопје.

Персонализираната САВА ПЛАН картичка содржи име и презиме, корисничко име за пристап до Лична сметка и бар код за идентификација на членот односно пензионираниот член.

Општите правила на Програмата САВА ПЛАН се достапни на веб страна на Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Општи правила на програма САВА ПЛАН

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk 02 3224 229.

Со почит,
Сава пензиско друштво а.д. Скопје