02.04.2019

Известување за промена на банката чувар на имот на задолжителен и доброволен пензиски фонд

Ве известуваме дека почнувајќи од 04.04.2019 година, функцијата банка чувар на средствата на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус, со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје ќе ја извршува НЛБ Банка АД Скопје, во која се отворени нови сметки за уплата на придонеси.

Ве молиме, почнувајќи од 04.04.2019 година, уплатата на придонеси во Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус да ја вршите на новата сметка, по следните инструкции:

Назив и седиште на примч:  Сава пензија плус , ул.Мајка Тереза 1, Скопје
Трансакциска сметка на примач:  210-0598943404-93
Цел на уплата:     Уплата за Сава пензија плус
Повикување на број (одобрување): (внесете го бројот на Вашиот договор за членство)

Важно: Доколку вршите уплата преку даден траен налог до Вашата банка со кој се вршат уплати од Вашата трансакциска сметка, тогаш Ве замолуваме да се обратите до Вашата банка за да се направи промена на податоците во трајниот налог.

За сите дополнителни информации и прашања, можете слободно да не контактирате на 02/15-500 секој работен ден од 08-16 часот.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk 02 3224 229.

Со почит,
Сава пензиско друштво а.д. Скопје