29.05.2019

Денови на финансиска писменост 29-31 Мај 2019

Јавен повик до сите заинтересирани граѓани да се јават или да ги посетат просториите на МАПАС и на приватните пензиските друштва за да го прошират своето знаење за својот статус во пензиските фондови и за своите пензиски средства.


Од 29 до 31 мај годинава ќе се одржи третото издание на Деновите на финансиска писменост, во кој период Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Приватните пензиски друштва - КБ прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје како финансиски институции во државата, уште повеќе ќе ги отворат своите врати за сите заинтересирани граѓани, спроведувајќи бројни информативно - едукативни средби.


Сава пензиско друштво а.д. Скопје како еден од учесниците на Деновите на финансиска писменост заедно со другите финансиски институции во државата,  упатува:

ЈАВЕН ПОВИК

до сите заинтересирани граѓани

да ги посетат просториите на МАПАС и на Сава пензиско друштво а.д. Скопје каде во текот на сите три дена од 29-31 Мај 2019 година ќе има задолжено стручни лица кои ќе Ве информираат за измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осугурување по однос на :


-       дали по 01.01.2019 година Вие продолжувате да сте член во втор столб;


-       дали по 01.01.2019 година Вашето членство во втор столб престанало согласно измените на Законот и  Вие продолжувате да бидете член само во прв столб;


      дали по 01.01.2019 година Вие имате право да изберете да продолжите да бидете член во втор столб, со потпишување на писмена Изјава или согласно измените на Законот Вашето членство ќе престане на 30.09.2019 година  и  Вие ќе продолжувате да бидете член само во прв столб;


-     дали Вие како ново вработено лице по 01.01.2019 година сте член на втор столб и дали сте распределени во еден од приватните пензиски фондови;


-     што се случува со Вашите средства при промена на статусот и


-    проверка на состојбата на Вашата индивидуална сметка како член на втор столб.


Сава пензиско друштво а.д. Скопје е акционерско друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови кое е основано во 2005 година. Управуваме со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд (дел од вториот столб на пензиското осигурување) и со Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус, кој е дел од третиот столб на пензиското осигурување.


Сава пензиско друштво а.д. Скопје повеќе години наназад учествува во активности за финансиска едукација во РСМ со цел зголемување на свеста на граѓаните од потребата за познавање на своите права и обврски од капитално финансираното пензиско осигурување.


Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk


МАПАС е институција која во континуитет се грижи за интересите на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и го поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување.


Контакти:

Сава пензиско друштво а.д Скопје
Ул. Мајка Тереза бр.1
1000 Скопје
Контакт телефон 02 /15-500
www.sava-penzisko.mk
електронска пошта: kontakt@sava-penzisko.mk


Агенција за супервизија на
капитално финансирано пензиско осигурување
Стив Наумов бр.100,
1000 Скопје
Контакт телефон 02 3224 229
www.mapas.mk
електронска пошта: contact@mapas.mk