07.8.2019

Потврден „А“ рејтингот на Сава Ре д.д. и Заваровалница Сава, д.д

Во нивната редовна годишна ревизија на кредитниот рејтинг, во јули 2019 година „Стандард и Пурс“ го потврди долгорочниот финансиски кредитен рејтинг „А“ (одличен) на Сава Ре д.д. и Заваровалница Сава, д.д., притоа оценувајќи го среднорочниот изглед за стабилен.

Агенцијата за кредитен рејтинг верува дека во изминатите неколку години, “Сава осигурителна групација“  материјално го зацврсти работењето на пазарот во Словенија и значително се прошири на пазарите на осигурување во регионот Адриа. Бизнисот за реосигурување остана стабилен и покажа подобри перформанси од просекот на индустријата. Дополнително, Агенцијата за кредитен рејтинг позитивно го оценува преземањето на Сава Инфонд  д.о.о. со кое Групацијата ја има зацврстено својата домашна конкурентна позиција со друштво за управување со средства.

Позитивните резултати овозможуваат Групацијата да има постојан раст на нето-добивката, што соодветно се преточува во повратот на капиталот. Според агенцијата за кредитен рејтинг, ова стабилно профитабилно работење, во комбинација со многу силната капитална позиција, останува клучна јака страна на “Сава осигурителна групација“.

Сава пензиско друштво а.д. Скопје е дел од “Сава осигурителна групација“.

Со почит,

 Сава пензиско друштво а.д. Скопје

 

 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk