16.9.2019

Ден за пензиска свесност

Во саботата на 14 септември на Градскиот Плоштад во Скопје, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ( МАПАС) организираше “Ден за пензиска свесност“.

Сава пензиско друштво а.д. Скопје беше дел од овој настан претставувајќи ги Сава пензиски фонд и Сава пензија плус пред посетителите.

Целта на настанот беше да се подигне свеста на граѓаните за значењето на пензиското осигурување и да се зголеми информираноста за пензискиот систем. Посебен акцент беше даден на членовите на Отворен задолжителен пензиски фонд родени пред 1.1.1967 година и

Посетителите можеа да ги добијат сите потребни информации поврзани со пензискиот систем, начинот на кој функционира, правата на пензиските осигуреници, како и информации за новите законски измени. Посебен акцент беше даден на членовите на задолжителен пензиски фонд родени пред 1.1.1967 година и нивните права и обврски.

 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk