09.10.2019

Соопштение за право на избор за продолжување на членство во втор столб за членови со бенефициран работен стаж

Сава пензиско друштво а.д. Скопје ги известува членовите на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд кои веќе стекнале стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 30 ноември 2019 година.

Изборот се врши со писмена изјава, а доколку членовите до овој рок не го остварат правото за избор, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане на 1 декември 2019 година. Членовите кои нема да го остварат правото на избор со достава на Изјава за продолжување на членство во втор столб, остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ).

По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, Сава пензиско друштво а.д. Скопје го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметки на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ).

Пред потпишување на изјавата за продолжување на членството, членовите со бенефициран стаж ги советуваме да не побараат на 02/15-500 за повеќе информации.

При одлучувањето дали да го продолжите членството, треба да го земете во предвид следното: очекуваното намалување на старосната граница за пензионирање кое произлегува од бенефицираниот стаж, висината на Вашите просечни примања до сега, очекувањата за висината на примањата до пензионирање, очекувањата за приносот од инвестирањето на средства од Вашата пензиска заштеда до Вашето пензионирање, преостанатото време до пензионирање и друго.

Изјавата за продолжување на членството е достапна за потпишување во продажните места на нашите Деловни соработници Сава осигурување а.д. Скопје и НЛБ Банка АД Скопје, како и во седиштето на друштвото во Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1 (дирекција на НЛБ Групација).

Со почит,

Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС)(02) 3224 229, www.mapas.mk