22.01.2020

Над 46 милиони денари приливи од камати во пензиските фондови

Ве информираме дека во периодот од 13.01.2020 до 20.01.2020 година, на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа следните приливи: 

  • 13.01.2020 - Камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 36.495.598,00 денари.
  • 13.01.2020 - Камати во износ од 2.599.805,00 денари, 150.906,00 денари и 138.065,00 денари, по основ на орочени депозити во Универзална Инвестициона банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола и ТТК банка АД Скопје, соодветно.
  • 14.01.2020- Камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 3.994.421,00 денари и прилив од камата во износ од 187.302,00 денари, по основ на орочен депозит во Охридска банка АД Скопје.
  • 16.01.2020 - Камата во износ од 116.374,00 денари, по основ на орочен депозит во Охридска банка АД Скопје.
  • 20.01.2020 - Камати во износ од 1.949.752,00 денари, 510.802,00 денари и 165.678,00 денари, по основ на орочени депозити во Универзална Инвестициона банка АД Скопје, Охридска банка АД Скопје и ТТК банка АД Скопје, соодветно.

За истиот период од 13.01.2020 до 20.01.2020 година, на сметката на Сава пензија плус пристигнаа следните приливи:

  • 13.01.2020 - Камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 228.956,00 денари.
  • 14.01.2020 - Камати во износ од 18.730,00 денари и 13.806,00 денари, по основ на орочени депозити во Охридска банка АД Скопје и ТТК банка АД Скопје.
  • 20.01.2020 - Каматa во износ од 13.372,00 денари по основ на орочен депозит во Охридска банка АД Скопје.

 

Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/