07.04.2020

Известување за промена на работно време на Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Почитувани

Согласно дополнителните мерки на Владата на РСМ за продолжување на полицискиот час на целата територија од 8 април 2020 година, со која дополнително се забранува движењето за сите граѓани (секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден и од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник), Ве информираме дека Сава пензиско друштво а.д. Скопје во следниот период ќе работи со изменето работно време.  Почнувајќи од среда 08 април 2020 година, работното време со клиенти ќе биде од 10:00 до 14:00 часот.

Ве известуваме  и дека нашите Деловни соработници Сава осигурување а.д. Скопје и НЛБ Банка АД Скопје во согласност со моменталната состојба на ширење на Корона вирусот извршија промена на работното време на своите експозитури / подружници.

Ве молиме во следниот период да ги следите информациите на Деловните соработници за нивното работно време на следните линкови:

Сава Осигурување а.д. Скопје 

НЛБ Банка АД Скопје

Останете дома и користете ги дигиталните начини за комуникација со Вашето пензиско друштво кои се достапни во секое време од денот.  Од неодамна овозможено е следење на Вашите пензиски заштеди преку првата мобилната апликација на пазарот на пензиско осигурување во државата, Апликацијата Сава Пензиско План и контактирајте не на kontakt@sava-penzisko.mk

Со почит

Сава пензиско друштво а.д. Скопје

 

12.03.2020

Сава пензиско друштво а.д. Скопје внимателно ги следи сите активности и препораки за заштита и спречување на ширење на корона вирусот од страна на Владата на Република Северна Македонија, препораките на Сава Осигурителна Групација и одлуките на Кризниот штаб на Друштвото.

Здравјето на нашите членови, нашите вработени и нашите блиски го ставаме на прво место. Од таа причина:

  • Ве информираме дека Друштвото има обезбедено средства за дезинфекција во своите простории и Ве замолуваме да ги користите при секоја Ваша посета,
  • Препорачуваме во следните 14 дена да ги ограничите посетите на нашите деловни простории и продажни места кај деловните соработници,
  • Ве замолуваме во следниот период максимално да ги користите нашите дигитални канали за комуникација:

Контакт телефон: 02/15-500

Веб страна: www.sava-penzisko.mk со активен Веб чат

Електронска пошта: kontakt@sava-penzisko.mk

Портал Лична сметка  https://sava-penziskodrustvo.mk, каде можете да ги добиете следните услуги:

  • проверка на пензиска заштеда и генерирање на детален извештај
  • ажурирање на лични податоци
  • промена на начин на достава на годишни извештаи
  • Редовното работно време на Друштвото е: понеделник-петок 08-16 часот

Веруваме дека со максимално придржување на препораките на надлежните институции во следниот период сите заедно ќе допринесеме за заштита на нашето здравје и здравјето на општеството во целина.

Со почит,

Сава пензиско друштво а.д. Скопје

 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229