20.3.2020

Информација за продажни места на Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Ве известуваме дека нашите Деловни соработници Сава осигурување а.д. Скопје и НЛБ Банка АД Скопје во согласност со моменталната состојба на ширење на Корона вирусот извршија промена на работното време како и зарворање на дел од своите експозитури / подружници.

Работното време на нашите Деловни соработници според нивната најава, ќе се менува тековно во согласност со расположливите капацитети, актуелности и состојби, дел експозитури нема да бидат отворени.

 Ве молиме во следниот период да ги следите информациите на Деловните соработници за нивното работно време на следните линкови:

Сава осигурување а.д. Скопје

НЛБ Банка а.д. Скопје

Ограничете го своето движење надвор и чувајте го своето здравје и здравјето на најблиските.

Сава пензиско друштво а.д. Скопје Ве советува во овој период за сите информации да не контактирате на:

e-mail: kontakt@sava-penzisko.mk

веб страната: https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/contact/

Со почит

Ваше Сава пензиско друштво а.д. Скопје