07.4.2020
Известување за промена на работно време на Сава пензиско друштво а.д. Скопје
Почитувани
Согласно дополнителните мерки на Владата на РСМ за продолжување на полицискиот час на целата територија од 8 април 2020 година, со која дополнително се забранува движењето за сите граѓани (секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден и од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник), Ве информираме дека Сава пензиско друштво а.д. Скопје во следниот период ќе работи со изменето работно време. Почнувајќи од среда 08 април 2020 година, работното време со клиенти ќе биде од 10:00 до 14:00 часот.
Ве известуваме и дека нашите Деловни соработници Сава осигурување а.д. Скопје и НЛБ Банка АД Скопје во согласност со моменталната состојба на ширење на Корона вирусот извршија промена на работното време на своите експозитури / подружници.
Ве молиме во следниот период да ги следите информациите на Деловните соработници за нивното работно време на следните линкови:
Останете дома и користете ги дигиталните начини за комуникација со Вашето пензиско друштво кои се достапни во секое време од денот. Од неодамна овозможено е следење на Вашите пензиски заштеди преку првата мобилната апликација на пазарот на пензиско осигурување во државата, Апликацијата Сава Пензиско План и контактирајте не на kontakt@sava-penzisko.mk
Со почит
Сава пензиско друштво а.д. Скопје