16.04.2020

Информација за остварениот принос на пензиските заштеди во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ги објави последните податоци за просечните годишни приноси од инвестирање на средствата на пензиските фондови, за периодот од 31.03.2013 до 31.03.2020 година.

Просечниот годишен принос* на Сава пензиски фонд,  за наведениот период во номинален износ е 5,23%, додека во реален износ, кој ја инкорпорира промената на нивото на трошоците за живот, остварениот принос  изнесува 4,68%. Притоа, за наведениот период се наплатувани следните надоместоци.

Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со задолжителниот пензиски фонд.

Просечниот годишен принос*на Сава пензија плус,  во номинален износ е 5,30%, додека во реален износ , која ја инкорпорира  промената на нивото на трошоците за живот, остварениот принос  изнесува 4,75%. Притоа, за наведениот период се наплатувани следните надоместоци.

Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со доброволниот пензиски фонд.

Приносите кои се остваруваат од управувањето со средствата на пензиските фондови, им припаѓаат на членовите на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Друштвото е насочено кон остварување на адекватен принос на долг рок, преку активно управување со средствата, придржувајќи се кон прифатената толеранција за ризик, правилата и процедурите за мерење и управување со ризици и законодавната рамка. Средствата на членовите се инвестираат во акции, обврзници, депозити и останати хартии од вредност дома и во странство. Портфолијата на пензиските фондови се балансирани и содржат повеќе и помалку ризични инструменти.

Во првиот квартал од годината финансиските пазари забележаа нестабилност, предизвикана од промените во очекувањата за глобален раст како резултат на пандемијата на Covid-19.

Како резултат на балансираната природа на вложувања на двата фонда и нивната диверзификација, вредностите на нивните сметководствени единици забележаа значително помала корекција во споредба со ценовните корекции на глобалните акциски индекси. При вакви пазарни движења, во рамките на Друштвото се потврди соодветноста  на воспоставените процеси на проценка на идни пазарни движења, како и на системот за управување со ризици и рано предупредување. Заклучно со 31.03.2020 година, остварените долгорочни стапки на принос се повисоки од стапките на принос дефинирани како долгорочни цели во инвестициските стратегии на двата фонда. Секако, тука е многу значајно да се напомене дека резултатите од минатото не смеат да се земат како индикација или предвидување за идните приноси.

Целта на Друштвото е  остварување на долгорочен оптимален принос кој ќе ја зголеми вредноста на пензиските заштеди на членовите. Оттука, Друштвото продолжува посветено да постапува во насока на остварување на дефинираните долгорочни цели, во краен интерес на членството на двата фонда.

Официјален извор на податоци* за објавениот принос е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, со објавени приноси на пензиските фондови кои работат во државата на следните линкови: Задолжителни пензиски фондови и Доброволни пензиски фондови