27.04.2020

Известување за работно време на Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Почитувани

Ве известуваме дека од 27.04.2020 година Сава пензиско друштво а.д. Скопје го враќа редовното работно време за работа со клиенти во своите деловни простории.

Работното време на Друштвото е од 08:00 до 16:00 часот секој работен ден од понеделник до петок.

Ве известуваме  и дека нашите Деловни соработници Сава осигурување а.д. Скопје и НЛБ Банка АД Скопје во согласност со моменталната состојба на ширење на Корона вирусот извршија промена на работното време на своите експозитури / подружници.

Ве молиме во следниот период да ги следите информациите на Деловните соработници за нивното работно време на следните линкови:

Сава осигурување а.д. Скопје

НЛБ Банка а.д. Скопје

Останете дома и користете ги дигиталните начини за комуникација со Вашето пензиско друштво кои Ви се достапни во секое време од денот.  

Следете ги Вашите пензиски заштеди, ажурирајте лични податоци, примете редовни нотификации за пристигнати придонеси, преку првата мобилната апликација на пазарот на пензиско осигурување во државата  Сава Пензиско План  .

За сите потребни информации контактирајте не на kontakt@sava-penzisko.mk  или на 02/15-500.

Доколку имате потреба за посета на нашите простории и просториите на деловните соработници задолжително почитувајте ги препораките и носете лична заштитна опрема: маска, марама или шал и одржувајте минимум растојание од 2 метри.

Со почит

Ваше Сава пензиско друштво а.д. Скопје