27.5.2020

Милионски приливи од камати и дивиденди на сметките на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Пензиското штедење претставува долгорочно штедење кое има за цел зголемување на средствата на идните пензионери. Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку активно управување со средствата од пензиските фондови обезбедува раст на вредноста на пензиските заштеди. Приносите остварени од инвестирањето на средствата ќе ги зголемат заштедите и ќе обезбедат посигурна и постабилна иднина за членовите во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус.

Од инвестираните средствата на домашниот и странските финансиски пазари, во периодот од 12.05.2020 до 21.05.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд е пристигнат прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 32.000.000,00 денари и приливи од камати во износ од 4.890.823,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки.

За истиот овој период пристигнале приливи од дивиденда во износ од: 

- 5.545,99 долари, од инвестираните средства во компанијата Apple Inc;

- 85.358,98 евра, од инвестираните средства во компанијата Bayerische Motoren Werke AG и

- 14.950.800,00 денари, од инвестираните средства во компанијата Алкалоид АД Скопје.

Во периодот од 12.05.2020 до 21.05.2020 година на сметката на Сава пензија плус, пристигнал прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 896.000,00  денари, како и приливи од камати во износ од 45.625,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки.

На сметката на Сава пензија плус, во истиот во истиот овој период пристигнале и приливи од дивиденда во износ од: 

- 172,20 долари, од инвестираните средства во компанијата Apple Inc;

- 2.762,78 евра, од инвестираните средства во компанијата Bayerische Motoren Werke AG и  

- 378.000,00 денари, од инвестираните средства во компанијата Алкалоид АД Скопје.

Приносот кој се остварува од управувањето со средствата на пензискиот фонд им припаѓа единствено на членовите на фондот и се распределува на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот можете да најдете преку редовните квартали извештаи на пензиските фондови кои се објавени на веб страната на друштвото www.sava-penzisko.mk. Дополнителни во финансиските извештаи детално се наведени и сите финансиски инструменти и компании во кои се инвестираат средствата од пензиските фондови.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk