11.6.2020

Пристигната дивиденда од Intel Corporation и Wells Fargo & Co во пензиските фондови

Управувајќи со средствата на идните пензионери, Сава пензиско друштво има за цел да обезбеди сигурна иднина на своите  членови. Со инвестирање на средствата се обезбедува принос  преку кој расте вредноста на пензиските заштеди. На овој начин Друштвото се стреми да обезбеди  соодветна пензија за идните пензионери.

Во портфолијата на пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус,  покрај различните финансиски инструменти може да се забележат и имиња на познати светски и домашни компании каде што се инвестирани средствата на членовите.

Од  Друштвото информираат дека од инвестираните средствата на домашниот и странските финансиски пазари, во периодот од 01.06.2020 до 10.06.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд е пристигна прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 14.974.185,00 денари и приливи од камати во износ од  7.595.916,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки.

За истиот овој период пристигнале и приливи од дивиденда во износ од:

- 8.662,50 долари, од инвестираните средства во компанијата Intel Corporation;

- 13.610,62 долари, од инвестираните средства во компанијата Wells Fargo & Co;

- 12.020,64 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares iboxx investment grade corporate bond ETF;

- 10.929,24 долари, од инвестираните средства во компанијата Honeywell International Inc и

- 32.664,87 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд SPDR MSCI ACWI ex-US (ETF).

Во периодот од 01.06.2020 до 10.06.2020 година на сметката на Сава пензија плус, пристигнал прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 3.064.453,00 денари, како и приливи од камати во износ од 173.797,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки.

На сметката на Сава пензија плус, во истиот во истиот овој период пристигнале и приливи од дивиденда во износ од:

- 248,32 долари, од инвестираните средства во компанијата Intel Corporation;

- 379,49 долари, од инвестираните средства во компанијата Wells Fargo & Co;

- 271,51 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares iboxx investment grade corporate bond ETF и

- 165,69 долари, од инвестираните средства во компанијата Honeywell International Inc.

Приносот кој што се остварува од инвестирањето на средствата им припаѓа на членовите на пензиските фондови и се распределува на нивните сметки. На овој начин растат пензиските заштеди на идните пензионери.

Подетални информации за тоа во кој финансиски инструменти и компании се инвестираат средствата можете да најдете преку редовните квартални  финансиски извештаи објавени на веб страната на Друштвото www.sava-penzisko.mk.

За подобра информираност друштво неодамна ја промовираше и мобилна апликација Сава пензиско план, преку која членовите во секое време имаат целосен увид во својата пензиска заштеда. Дополнително преку мобилната апликација членовите имаат можност да бидат известени секогаш кога ќе им бидат уплатени придонеси во пензискиот фонд.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk