20.7.2020
Објавени официјалните податоци за остварени приноси со состојба 30.06.2020 кај задолжителните и доброволните пензиски фондови во Р.С. Македонија
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ги објави последните податоци за просечните годишни приноси од инвестирање на средствата на пензиските фондови.
Просечниот годишен принос* на Сава пензиски фонд, за периодот од 30.06.2013 до 30.06.2020 година во номинален износ е 5,73%, додека во реален износ, кој ја инкорпорира промената на нивото на трошоците за живот, остварениот принос изнесува 5,20%. Притоа, за наведениот период се наплатувани следните надоместоци.
Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со задолжителниот пензиски фонд.
Просечниот годишен принос*на Сава пензија плус, за периодот од 30.06.2013 до 30.06.2020 година. во номинален износ е 5,91%, додека во реален износ , која ја инкорпорира промената на нивото на трошоците за живот, остварениот принос изнесува 5,37%. Притоа, за наведениот период се наплатувани следните надоместоци.
Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со доброволниот пензиски фонд.
Приносите кои се остваруваат од управувањето со средствата на пензиските фондови им припаѓаат на членовите на фондот и влијаат на висината на пензиската заштеда на секој член.
Друштвото е насочено кон остварување на адекватен принос на долг рок, преку активно управување со средствата, придржувајќи се кон прифатената толеранција за ризик, правилата и процедурите за мерење и управување со ризици и законодавната рамка. Средствата на членовите се управуваат преку активно инвестираање во акции на компании со добри долгорочни перспективи, обврзници издадени од држави и компании со висок кредитен рејтинг, депозити и останати хартии од вредност кои се тргуваат на домашниот и странските финансиски пазари. Портфолијата на пензиските фондови се балансирани и содржат повеќе и помалку ризични инструменти.
Како резултат на балансираната природа на вложувања на двата фонда и нивната диверзификација, вредностите на нивните сметководствени единици, а соодветно на тоа и остварените приноси, забележаа мала надолна корекција, во услови на нерамнотежа на пазарите предизвикани од бројни фактори, од кои секако најзначајни се последиците од пандемијата на Ковид-19.
При вакви пазарни движења, во рамките на Друштвото се потврди соодветноста на воспоставените процеси на проценка на идни пазарни движења, како и на системот за управување со ризици и рано предупредување. Секако, тука е многу значајно да се напомене дека резултатите од минатото не смеат да се земат како индикација или предвидување за идните приноси.
Целта на Друштвото е остварување на долгорочен оптимален принос кој ќе ја зголеми вредноста на пензиските заштеди на членовите. Оттука, Друштвото продолжува посветено да постапува во насока на остварување на дефинираните долгорочни цели, во краен интерес на членовите на двата фонда.
*Официјален извор на податоци за објавениот принос е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, со објавени приноси на пензиските фондови кои работат во државата на следните линкови: Принос на задолжителни пензиски фондови и Принос на доброволни пензиски фондови