24.7.2020

Повеќе од 45 милиони денари приливи од камати распределени на сметките на членовите во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Сава пензиско друштво а.д. Скопје веќе 15 години успешно ги инвестира пензиските заштеди на членовите во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус во најразлични финансиски инструменти, со цел остварување соодветен долгорочен принос на средствата на фондовите.

Сите приливи кои пристигаат како резултат на инвестирањето на пензиските заштеди  им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Според последните податоци во периодот од  11.07.2020 до 20.07.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигнати се приливи од камати во износ 2.883.373,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 44.254.630,00 денари.

Во истиот овој период на сметката на Сава пензиски фонд пристигнат е и прилив од дивиденда во износ од 443,46 евра, од инвестираните средства во компанијата Sanofi.

 

На сметката на Сава пензија плус  во периодот од 11.07.2020 до 20.07.2020 пристигнати се приливи од камати во износ од 84.431,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 1.169.319,00 денари.

Во Сава пензија плус за истиот овој период е пристигнат и прилив од дивиденда во износ од 13,32 евра, од инвестираните средства во компанијата Sanofi.

Членовите на пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус, дополнително за секој пристигнат прилив се известуваат и преку мобилната  апликација Сава пензиско план. Покрај за пристигнатите приливи членовите преку мобилната апликација може да се информираат и за состојбата на нивната пензиска заштеда и за секој пристигнат придонес.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови, како и за тоа во кои финансиски инструменти и компании се инвестираат средствата можете да погледнете во редовните финансиски извештаи кои се објавуваат на веб страната на друштвото www.sava-penzisko.mk.  

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk