14.8.2020
Нови приливи од камати и дивиденди во пензиските фондови
Ве информираме дека во период од 31.07.2020 до 09.08.2020 година во пензиските фондови се пристигнати приливи во вкупен износ од 9.254.610 денари по основ на камати и 44.954 долари по основ на дивиденди.
На сметката на Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од камати во износ 6.645.582,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 2.456.450,00 денари.
Во истиот овој период на сметката на Сава пензиски фонд пристигнат е и прилив од дивиденда во износ од кои:
- 11.837,07 долари, од инвестираните средства во компанијата JP Morgan Chase & CO;
- 12.086,29 долари, од инвестираните средства во компанијата Verizon Communications Inc;
- 8.790,60 долари, од инвестираните средства во компанијата PNC Financial Services Group Inc;
- 11.031,75 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares Iboxx Investment Grade Corporate Bond ETF.
На сметката на Сава пензија плус во периодот од 31.07.2020 – 09.08.2020 година пристигнаа приливи од камати во износ од 152.578,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки.
Во истиот период на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд пристигна прилив од дивиденда во износ од кои:
- 269,01 долари, од инвестираните средства во компанијата JP Morgan Chase & CO;
- 353,01 долари, од инвестираните средства во компанијата Verizon Communications Inc;
- 337,29 долари, од инвестираните средства во компанијата PNC Financial Services Group Inc;
- 249,17 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares Iboxx Investment Grade Corporate Bond ETF.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот имате во финансиските извештаи објавени на веб страната.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk