14.10.2020
Повеќе од 38 милиони денари приливи од камати во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус
Ве информираме дека во период од 29.09.2020 до 08.10.2020 година на сметките на пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје пристигнати се приливи по основ на камати во вкупен износ од 38.154.929,00 денари и приливи по основ на дивиденди во вкупен износ од 72.615,98 американски долари.
На сметката на Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од камати во износ 7.041.017,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 30.353.662,00 денари.
Во истиот овој период на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од дивиденди во износ од:
- 16.643,19 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares U.S. Energy ETF;
- 642,54 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд First Trust NASDAQ Cybersecurity ETF;
- 42.252,78 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard S&P 500 ETF и
- 10.997,28 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares IBoxx Investment Grade Corporate Bond ETF.
Во истиот овој период од 29.09.2020 до 08.10.2020 година на сметката на Сава пензија плус, пристигнаа приливи од камати во износ од 168.191,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 592.059,00 денари.
На сметката на Сава пензија плус по основ на дивиденда пристигнаа следните приливи:
- 334,00 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares U.S. Energy ETF;
- 38,69 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд First Trust NASDAQ Cybersecurity ETF;
- 1.459,11 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard S&P 500 ETF и
- 248,39 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares IBoxx Investment Grade Corporate Bond ETF.
Сите овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови има во финансиските извештаи кои редовно се објавуваат на веб страната на Друштвото.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk