12.11.2020

Нови приливи од камати и дивиденди во пензиските фондови

Ве информираме дека во периодот од 29.10.2020 до  07.11.2020 на сметките на пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје пристигнати се приливи по основ на камати во вкупен износ од 47.086.185,00 денари и приливи по основ на дивиденди во вкупен износ од 49,977.54 САД долари и 594,283.00 денари.

На сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ 4.532.901,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 41.935.865,00 денари.

Во истиот овој период на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од дивиденди во износ од:

- 594.283,00 денари, од инвестираните средства во компанијата Тетекс АД Тетово;

- 15.711,57 САД долари, од инвестираните средства во компанијата JP Morgan Chase & Co.;

- 12.331,94 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Verizon Communications Inc.;

- 8.790,60 САД долари, од инвестираните средства во компанијата PNC Financial Services Group Inc.;

- 10.553,77 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares iBoxx Investment Grade Corporate Bond ETF и

- 1.099,52 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Schwab U.S. TIPS ETF.

На сметката на Сава пензија плус во периодот од 29.10.2020 до 07.11.2020 година пристигнаа приливи од камати во износ од 216.455,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 400.964,00 денари.

По основ на дивиденди на сметката на Сава пензија плус пристигнати се приливи во износ од:

- 454,86 САД долари, од инвестираните средства во компанијата JP Morgan Chase & Co.;

- 360,18 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Verizon Communications Inc.;

- 337,29 САД долари, од инвестираните средства во компанијата PNC Financial Services Group Inc.;

- 238,38 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares iBoxx Investment Grade Corporate Bond ETF и

- 99,43 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Schwab U.S. TIPS ETF.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за портфолијата на инвестициските фондови и за резултатите од инвестирањето на средствата можете да најдете во редовните финансиски извештаи кои се објавуваат на веб страната на Друштвото.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk