25.05.2021

Сава Осигурителна Групација во првиот квартал на 2021 година оствари Нето добивка од 23,5 милиони евра, односно има исполнување од 44,3% од годишниот план за 2021 година

Согласно правилата на Љубљанската берза д.д., Љубљана и законот за пазар на финансиски инструменти, Сава Ре д.д., Дунајска 56, Љубљана го дава следното соопштение:

На редовна седница на Надзорниот одбор на Сава Ре, беа презентирани неревидираните финансиски резултати на Сава Осигурителна Групација и Сава Ре за периодот јануари - март 2021 година.

Во првиот квартал на 2021 година, Сава Осигурителна Групација оствари 177,9 милиони евра оперативни приходи и нето добивка од 23,5 милиони евра. Оперативните приходи и нето добивката на Сава Осигурителна Групација изнесуваат 26,0% и 44,3%, од годишната цел за 2021 година. Ситуацијата со Covid-19 немаше значително влијание врз работењето на Групацијата во дадениот период. Растот на добивката е резултат на претходните аквизиции и позитивниот развој во сите оперативни сегменти. Управата очекува дека планираната годишна добивка на Групацијата ќе биде постигната но сепак поради зголемениот ризик со кој се соочува Групацијата, остануваат претпазливи во правењето предвидувања за тоа како ќе се развиваат добивките во наредните квартали.

Бруто премиум раст од 9%

Во првиот квартал, Групацијата запиша 215,2 милиони евра во бруто премии, што е за 9% повеќе на годишно ниво. Растот на бруто премиите беше целосно воден од словенечкиот бизнис од животно осигурување (кој покажа раст од 128,5%), каде Групацијата растеше преку аквизицијата на Вита, која придонесе со 26,9 милиони евра во бруто премии на Групацијата во овој квартал.

Оперативните приходи на Групацијата се зголемија за 18,2% во првиот квартал. Освен влијанието на Вита, маргинален ефект произлезе и од пониската промена на годишно ниво на незаработените премии во првиот квартал како резултат на помалиот обем на FoS бизнисот, во извештајниот период. Покрај тоа, сегментот кој се однесува на управување со пензиски фондови и средства, постигнаа позитивни резултати, како резултат на поволните трендови на берзите.

Подобра ефикасност на трошоци и континуирани придобивки од пониската фреквенција на загуби во бизнисот со моторни возила

Стапката на нето трошоци е подобрена за 3 % на годишно ниво, главно поради вклучувањето на Вита на групацијата. Профитабилноста се подобри како резултат и на подобар сооднос на трошоците, и на поповолно искуство со побарувања благодарение на пониската стапка на загуба во бизнисот со моторни возила.

Структура на портфолио отпорна на нестабилноста на финансискиот пазар

Повратот во инвестициското портфолио од 1,4% во првиот квартал од 2021 година беше рамно на годишно ниво. Портфолиото кое се однесува на претежно високо оценети државни и корпоративни обврзници и понатаму покажува отпорност во однос на нестабилноста на берзата. Клучната цел на инвестициската политика на Групацијата е одржување на ниска нестабилност и високо ниво на сигурност на средствата наменети за покривање на обврските што произлегуваат од договорите за осигурување, како и од обезбедување висока ликвидност и диверзификација на ризикот.

Фокус на стратегијата

Тековните трендови се позитивни, Сава Осигурителна Групација продолжува да работи напорно на своите клучни области, како што е наведено во стратегијата 2020-2022.

Дигитална трансформација и поставување на клиентот во центарот

Во однос на главните области на стратешки фокус, компаниите на Групацијата продолжија да развиваат решенија насочени кон клиентите засновани како и на истакнатите потреби во Групацијата, така и на глобалните трендови за иновации. Како одговор на променетите околности на работењето поради Covid-19, многу активности се фокусираа на решенија од далечина, за да им понудат на клиентите голем број различни канали за комуникација. Покрај подобрувањето на пристапот до услугите, компаниите вложија многу напор во прилагодување на услугите и подобрување на корисничкото искуство. Клучните области на развој вклучуваат онлајн комуникација, онлајн решенија, деловна интелигенција, решенија за само-грижа и подобрени лични консултации и односи со клиенти.

ИТ трансформација

Во склоп на проектите за ИТ трансформација беше замената на централнио систем за управување со инвестиции во Заваровалница Сава и Сава Ре, што е предвидено да се реализира и за преостанатите компании од Групацијата во 2021 година. Во однос на основните бизнис системи, замената на два система за портфолиото на поранешна Ерго во Хрватска беше реализирана во 2020 година. Во 2021 година, се планира замена на основното бизнис решение во хрватскиот огранок на Заваровалница Сава, со подготвителни активности во тек и во Заваровалница Сава и Сава Ре. Во врска со деловното известување, работиме на надградба и редизајн за усогласување со регулативите, тековните бизнис потреби и нашата ориентација кон клиентите. На почетокот на вториот квартал од 2021 година, поставувањето системи за сајбер безбедност 24/7 (SOC) беше реализирано во повеќето компании од Групацијата. Основните компании беа опремени во последниот квартал на 2020 година. ИТ-инфраструктурата и решенијата се ажурираат до степен потребен за поддршка на стратешките проекти.

Одржлив развој

Сава Осигурителна Групација усвои стратегија за одржлив развој за 2020-2022 година, почнувајќи го патот на воведување на ESG (еколошки, социјални и управувачки) критериуми во деловните процеси и процесите на носење одлуки. Соодветно на тоа, за време на стратешкиот период, фокусот ќе биде ставен на имплементацијата на овие критериуми во голем број области: управување со инвестиции, осигурување и реосигурување, развој на осигурителни услуги и набавка. Што се однесува до управувањето со инвестициите, на 10 март 2021 година, Групацијата објави на својата веб-страница информации поврзани со одржливоста во однос на нејзината политика на интеграција на ризиците за одржливост при донесување одлуки за инвестиции, интеграција на ризиците за одржливост во политиките за наградување и главната изјава за неповолно влијание, во согласност со Регулативата (ЕУ) 2019/2088 за обелоденување поврзано со одржливост во секторот на финансиски услуги. Во согласност со усвоената стратегија, Групацијата е активна во проекти за социјална одговорност, со посебен акцент на корпоративното волонтерство.

Извор: https://www.sava-re.si/en-si/investor-relations/news/2222/

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk