07.9.2021
Јавен повик за донирање финансиски средства за спортски субјекти по основ даночно ослободување на даночни обврзници за 2021 година
Ги повикуваме сите спортски субјекти (национални спортски федерации, спортски клубови и активни спортисти) кои имаат решение за вршење на дејност спорт и кои ги исполнуваат критериумите за користење на средствата од даночното ослободување согласно Законот за спорт и Законот за данокот на добивка на Република Северна Македонија, да аплицираат на долунаведените линкови за донирање на финансиски средства по основ даночно ослободување на даночни обврзници за 2021 година од страна на Сава пензиско друштво а.д. Скопје:
Рокот за аплицирање е 10.09.2021 година.
Во апликацијата наведете ја сумата за која аплицирате.
Апликациите можат да се доставуваат на нашата електронска адреса donacii@sava-penzisko.mk или по пошта на ул. Мајка Тереза бр.1, 1000 Скопје со назнака за Јавен повик на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.
Со Почит,
Сава пензиско друштво а.д. Скопје