15.04.2022

Сава пензиско друштво а.д. Скопје вработува: Соработник за маркетинг и организирање на настани

Краток опис на работните задачи:

  • Вршење работи на маркетинг на пензиските фондови
  • Учество во организација на настани
  • Грижа за членови на пензиските фондови
  • Административна комуникација со надворешни институции
  • Склучување на договори за членство и исплата на пензија и пензиски надоместоци;
  • Учество во активности за Односи со јавност
  • Учествува во организирање промотивни акции, медиумски случувања и други маркетинг активности
  • Учествува во одржување, уредување и ажурирање на интернет страната и социјалните мрежи на Друштвото
  • Учествува во организирање на маркетинг истражувања
  • Одговарање на прашања од членови, пензионирани и потенцијални членови преку каналите за комуникација

Потребни квалификации:

  • Завршено Високо образование Економски факултет, пожелно отсек маркетинг;
  • Запишан во Регистарот на агенти во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (детали подолу);
  • Активно познавање на Excel, Word, Power Point
  • Вештини за комуницирање со луѓе
  • Сериозност во извршувањето на работните задачи
  • Предност имаат кандидатите со работно искуство во маркетинг
  • Поседување возачка дозвола Б категорија;

 Сава пензиско друштво а.д. Скопје нуди:

  • Покривање на трошок за стекнување со лиценца агент и потребна обука,
  • Интересна и динамична работа,
  • Можност за личен и стручен развој со поддршка на Друштвото;
  • Работно време 40 часа неделно, секој работен ден од понеделник до петок од 08-16 часот
  • Минимална почетна нето плата 22.000 денари дополнително прилагодена на претходно работно искуство
  • Приватно здравствено осигурување
  • Доброволно пензиско осигурување по исполнување на услови

Дополнителни информации

Заради исполнување на условот – кандидатот да е запишан во Регистарот на агенти кој го води Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Друштвото ќе ги пријави избраните кандидати од овој оглас за полагање испит за стекнување со лиценца за агент за вршење на работи на маркетинг на задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

За да аплицирате доставете ја Вашата лична биографија и писмо за интерес од кои се гледа дека ги исполнувате потребните улови и квалификации, со назнака за кое работно место аплцирате (потребните документи за полагање испит ќе ги доставите откако ќе бидете избрани во потесен круг на кандидати) на следната адреса: marketing@sava-penzisko.mk најдоцна до 20.04.2022 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Процесот на избор на кандидати ќе заврши заклучно со 30.04.2022 година. Друштвото го задржува правото да не ангажира ниту еден кандидат кој се пријавил на конкурсот.

Друштвото ќе постапи со пристигнатите пријави во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

За повеќе информации можете да се обратите во просториите на Друштвото на ул. Мајка Тереза бр.1, Скопје или на електронска адреса: kontakt@sava-penzisko.mk.

 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk