03.4.2023

Соработник за сметководство и финансии

оглас

Опис на работните задачи:

  •  Обработка на фактури и нивно книжење;
  • Благајничко работење;
  • Подготовка, пресметка и книжење на патни налози;
  • Книжење на денарски и девизни изводи;
  • Евиденција и водење на регистар на основни средства;
  • Денарски и девизни плаќања;
  • Пресметка и евиденција на даноци;
  • Учествува во подготовка на даночни извештаи;
  • Учествува во подготовка на извештаи за внатрешни корисници;
  • Соработка со екстерна ревизија.

 Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование;
  • Познавање на Excel, Word, Power Point;
  • Комуникациски вештини;
  • Способност за тимска работа;
  • Способност за работа со зададени рокови;
  • Предност ќе имаат кандидати со работно искуство на слична позиција.

Сава пензиско друштво а.д. Скопје нуди:

  • Исклучителна работна средина и висока работна култура во интернационална компанија;
  • Интересна и динамична работа;
  • Континуиран професионален и личен развој;
  • Работно време 40 часа неделно, секој работен ден од понеделник до петок од 08-16 часот, и можност за хибриден модел на работа (канцеларија/дома);
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Доброволно пензиско осигурување;
  • Учество во групациски корпоративни проекти.

Дополнителни информации

За да аплицирате доставете ја Вашата лична биографија на следната адреса: i.nestoroska@sava-penzisko.mk најдоцна до 07.04.2023 година. Обработката на апликациите ќе се изврши во рок од 15 дена.

Друштвото ќе постапи со пристигнатите пријави во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk