27.11.2024
Осмо издание на Деновите на финансиската писменост 26 -28 ноември 2024 година
Скопје, - 27.11.2024, се одржа вториот едукативен настан во рамките на Осмото издaние на Деновите на финансиска писменост
Во рамките на Деновите на финансиска писменост, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост заедно со пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, САВА Пензиско друштво АД Скопје, Триглав Пензиско друштво АД Скопје и ВФП пензиско друштво АД Скопје, одржаа едукативен настан за наставниот кадар во ОOУ „Свети Климент Охридски“ - Општина Бутел акцентирајќи ја потребата од навремена финансиската едукација и инклузија.
Претставниците од Сава пензиско друштво – Зоран Габеданов, КБ Прво пензиско друштво – Сузана Бошковска Златаревска, Триглав пензиско друштво – Марина Мартиновска и ВФП Пензиско друштво – Светлана Тасевска во своите излагања дадоа осврт на важноста на пензискиот систем, кој е поддршка за генерациите кои доаѓаат и е пример за тоа како внимателното планирање може да обезбеди стабилност за сите нас а воедно и испратија апел до присутните да се заинтересираат и размислат за својата пензија и квалитетот на нивните пензионерски денови.
Деновите на финансиската писменост, се организирани како едукативни предавања, а во рамките на утрешниот ден ќе биде посетена и Општина Кисела Вода, во 13 и 30 часот, со цел спроведување на едукативно предавање за наставниот кадар од основните училишта од споменатата општина.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна и нашите социјални медиуми:
https://www.facebook.com/mapas.mk