16.6.2025

Соопштение за членови со бенифициран стаж

Сава пензиско друштво ја известува јавностa дека согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од 16 јуни 2025 година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 16 септември 2025 година.

Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 16 септември 2025 година не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ).

Членовите кои нема да дадат изјава за продолжување на членство остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе го остварат правото на пензија.

Истовремено, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува јавностa дека лицата кои во претходните години доставиле Изјава за продолжување на членство, членството им е продолжено и нема потреба повторно да ја достават истата Изјава.

Членовите кои оваа година имаат право да потпишат ваква изјава ќе добијат допис на нивната адреса за кореподенција во текот на Месец Јуни 2025 година.

Повеќе информации за Бенифициран стаж и Изјавата за продолжување на членство во задолжителен пензиски фонд на следните линкови:

 

https://mapas.mk/benificiran-staz/

https://mapas.mk/wp-content/uploads/2021/06/izjava-za-prodolzhuvane-na-chlenstvo-za-licza-so-ben.-stazh.docx

 

Побарајте не на 02/15500 или пишете на kontakt@sava-penzisko.mk