29.12.2025

Барање за достава на понуда за редовно годишно известување до членствите на пензиските фондови

Почитувани,

Сава пензиско друштво а.д. Скопје има единствена дејност на управување со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус и нивно претставување пред трети лица како и други дејности поврзани со управувањето со фондовите.

Објавуваме Барање за достава на понуда за редовно годишно известување до членството na пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

На следниот линк е поставен Прашалник за одржлив развој https://savang.savaregroup.si/inc/survey/q/?c=32&ln=mk

Барањето се однесува на комплетно печатење на извештаи, инсерирање на 2 или 3 листа и ковертирање на околу 250.000 поединечни извештаи ковертирани во плик со регулаторно дефинирана зелена боја на годишно ниво.

Во Барањето детално се специфицирани предметот на работа, роковите, условите и други информации. Понудата треба да биде за период на деловна соработка од три години.

Ве молам Вашата понуда да ја доставите како одговор на е-маилот nabavki@sava-penzisko.mk

Ова Барање за понуда е доставена на е-маил адреси до компании за кои имаме сознанија дека можат да дадат понуда за ваков тип на услуга.

За оваа набавка важат Општите услови за набавки на Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Барање за достава на Понуда за изготвување на годишно известување до членовите на пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Прашалник за ангажираните обработувачи 

Со почит,

Сава пензиско друштво а.д. Скопје