27.9.2019

Приливи од дивиденди во пензиските фондови од Македонски Телеком АД Скопје

Почитувани,

Ве информираме дека на ден 26.09.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигна прилив од дивиденда во износ од 8.475.654,00 денари од инвестираните средства во компанијата Македонски Телеком АД Скопје. На истиот датум пристигна прилив од камата во износ од 40.182,00 денари, по основ на орочен депозит во Охридска банка АД Скопје.

Исто така, на сметката на Сава пензија плус пристигна прилив од дивиденда во износ од 929.290,00 денари од инвестираните средства во компанијата Македонски Телеком АД Скопје.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk