02.10.2019
Информација за резултати од инвестирање на средствата на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус
Почитувани,
Ве информираме дека на ден 30.09.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигна прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 15.050.122,00 денари . На истиот датум пристигнаа и приливи од камата во износ од 2.499.206,00 денари и 145.856,00 денари, по основ на орочени депозити во Халкбанк АД Скопје и ТТК Банка АД Скопје, соодветно.
Од инвестираните средства на Сава пензиски фонд во странство, пристигна прилив од дивиденда во износ од 15.513,11 долари од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares U.S. Energy ETF и прилив од 10.059,97 долари од инвестираните средства во компанијата Bank of America Corp.
На сметката на Сава пензија плус на 30.09.2019 година пристигна прилив од дивиденда во износ од 362,17 долари од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares U.S. Energy ETF и прилив од 244,31 долари, од инвестираните средства во компанијата Bank of America Corp. На истиот датум пристигна прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 172.001,00 денари и приливи од камата во износ од 49.400,00 денари по основ на орочени депозити во Халкбанк АД Скопје.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk